недела, 18. август 2019. Вести денес: 43
home Вести

Голем пожар на хрватски остров, 10.000 евакуирани (ВИДЕО)

Голем пожар на хрватски остров, 10.000 евакуирани (ВИДЕО)

Околу 10.000 лица се евакуирани по избувнувањето на голем пожар на хрватскиот остров Паг, соопштуваат локалните медиуми.

Огнот се запалил околу еден часот по полноќ, во боровата шума на плажата Зрќе, кај градот Новаља.

Огнената стихија е под контрола, а акција за гаснење сѐ уште е во тек. Како што пренесуваат хрватските портали, отежнувачка околност е силниот ветер кој дополнително го разгорува и го разнесува огнот.

Во операцијата за гаснење се вклучени три авиони и голем број пожарникари. Засега нема известувања за повредени лица.