среда, 2. декември 2020. Вести денес: 172
Во живо

Протест во Куманово – „Оставка на Заев, слобода на народот“!

home Вести

Голем пожар беснее во Баварија: 135 пожарникари се борат со огнената стихија, прогласена вонредна состојба

Голем пожар беснее во Баварија: 135 пожарникари се борат со огнената стихија, прогласена вонредна состојба

Властите на градот Розенхајм во југоисточниот дел на германската покраина Баварија попладнево прогласија вонредна состојба, поради пожарот што веќе неколку часа беснее во блискиот шумски предел, јави ДПА.

Во гаснењето на огнот учествуваат 135 пожарникари и 30 припадници на планинската спасувачка служба, на кои им помагаат четири хеликоптери.

Поради пожарот властите ги затворија за движење туристичките патеки на блиската планина Шварценберг, што се наоѓа на германско-австриската граница

МИА

Коронавирус