четврток, 4. март 2021. Вести денес: 116
home Вести

Голем број на загинати во земјотресот во Индонезија

Голем број на загинати во земјотресот во Индонезија

Индонезиските спасувачи денеска извлекле повеќе тела под урнатините на куќите и зградите уништени од силниот земјотрес, а бројот на загинатите се искачи на 82.

Во меѓувреме, воените инженери успеале повторно да ги отворат оштетените патишта за слободен пристап до помош.

Тешка опрема пристигнала до најтешко погодениот град Мамују и соседната област Маџена на островот Сулавеси, каде во петокот наутро се случи земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, соопшти Националната агенција за ублажување на катастрофи. 73 лица загинаа во Мамујо, а девет во соседната област Маџена.

Коронавирус