петок, 7. мај 2021. Вести денес: 76
home Вести

Гола жена сакаше да го нападне комичарот обвинет за повеќе од 60 силувања, Козби се смееше (ВИДЕО)

Жената на телото ги имала испишано имињата на злоставуваните жени, и натписот "Women's Lives Matter". Меѓутоа, не успеала да дојде до Бил, бидејќи полицијата ја сопрела и привела.
Гола жена сакаше да го нападне комичарот обвинет за повеќе од 60 силувања, Козби се смееше (ВИДЕО)

Жената ја прескокнала оградата и тргнала кон Козби, но полицијата успеала да ја спречи, а потоа и да ја приведе.

Судењето на американскиот актер и комичар, 80-годишниот Бил Козби, кој се товари за сексуално злоставување кое наводно траело со децении, продолжило во понеделникот во Филаделфија.

Комичарот ја засилил својата одбрана, па му се приклучил Том Месер, адвокат кој успешно го бранел Мајкл Џексон на судењето за педофилија во 2005-та година.

Меѓутоа, покрај тоа што овој случај е доволно скандалозен, пред Козби да влезе во судницата се случил уште еден инцидент, кога жена во топлес издание ја прескокнала оградата и се залетала кон Козби.

Жената на телото ги имала испишано имињата на злоставуваните жени, и натписот “Women’s Lives Matter”. Меѓутоа, не успеала да дојде до Бил, бидејќи полицијата ја сопрела и привела.

Инаку, жената која протестирала против Козби се вика Никол Рошел од Њу Џерси. Никол има 38 години и се појавила во 4 епизоди од славното “Cosby Show”. Потсетуваме повеќе од 60 жени го обвиниле Козби за сексуално злоставување кое траело со децении, а актерот ги демантирал сите обвиненија.

Судијата дозволил на следното судење да сведочат пет жени кои го обвиниле Козби дека ги дрогирал и силувал. Судењето мора да се повтори, бидејќи членовите на поротата не успеале да ја усогласат својата одлука.

Коронавирус