сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 12
home Вести

Година кога цената на нафтата падна на 0 долари, а на биткоинот порасна на 30.000: Дали се научени лекциите?

Година кога цената на нафтата падна на 0 долари, а на биткоинот порасна на 30.000: Дали се научени лекциите?

Милиони луѓе во светот останаа без работа и тоа беше најголемата грижа во светот на финасиите во текот на 2020 година. Се тресеа и берзите, а инвеститорите се повлекуваа.

После оваа, според економистите, ќе бидеме една поинаква светска економија, многу помала, и со сосема поинаков карактер.

Концептот кој сите го познаваа се менува, а во тој циклус се пружа шанса и за новите индустрии.

Дека не е можно да се држи под контрола текот на парите, беше јасно со примерот на две целосно различни „планети“. Едната на традиционалната, во која пазарот се колнеше, и оваа модерната, новата, за која многумина признаваат, дека не ја познаваат доволно.

Нафтата, тоа црно злато чија цена прво се „гаѓаше“ и на 100 долари, почна да тоне, оставајќи ги нафташите во целосен шок. Почна да се јавува и закана дека ќе го потопи светот поради залихите кои се полнеа.

Бродовите пловеа по морињата, дури и напуштени. Огромни танкери едноставно немаа каде да ја истоварат нафтата. Берзанските волци почнаа да паничат: „Ќе пливаме во нафта“. Додека се собраа, вредноста се одземаше, и токму постои цела низа причини поради што тоа се случи.

Негативната цена на нафтата, тема број 1
Цените на нафтата така паднаа на 0 долари. Првпат се забележани негативни вредности бидејќи големата економска криза предизвикана од коронавирс ги остави трговците очајни. Цената на американската сурова нафта падна за повеќе од 300 отсто до -0 долари долари за барел за само неколку часа, што ги присили произведувачите на нафта да им плаќаат на купувачите зошто во складиштата едноставно немаше доволно простор.

Тоа воедно е и објаснување на прашањето што значи негативната цена на нафтата. Значи, постојат инвеститори кои се подготвени да платат за да се ослободат од нафтата. Што многу аналитичари го оценија како лудост.

Наредните недели, по реакциите и соработката на меѓународно ниво, пазарот на нафта се стабилизираше, зошто е испратена јасна порака дека профитот на нафташите се доведува под прашање, и дека е време да се помине на алтернатива, можеби зелена. Неизвесноста во поглед на прашањето за црното злато ширум светот владее и натаму, што ќе се прелее на следната година, а и нејзината цена се клати овие денови.

Неговото височество, биткоинот
Од друга страна, нов, модерен пазар доживеа вистински бум и процут, особено во последните месеци од 2020 година. Биткоинот доминираше во светот на криптовалутите и ги повлече сите други дигитални монети.

Едно од објаснувањата за толку голем скок на вредноста е дека инвеститорите почнаа да бараат засолниште и алтернатива на златото, поради зголемениот апетит на инвеститорите за поризични, алтернативни средства. Ова исто така го зголеми интересот за блокчејн, кој стана неизбежен на агендата на сите индустрии.

Според експертите, оваа дигитална паричка дури напредна 10 пати повеќе од златото минатата година, а ние знаеме колку се цени благородниот метал кога ќе дојдат времиња на криза.

Биткоинот заврши на завидно ниво во 2020 година, а исто така „зачекори“ во 2021 година. Имено, во овој момент, популарната криптовалута вреди околу 29.200 долари.

Камерон и Тајлер Винклевос, близнаците кои станаа милијардери пред неколку години благодарение на експлозивниот раст на биткоинот и другите крипто-валути, сега веројатно повторно се задоволни и насмеани. Но, тие не се единствените.

Некои економски експерти и аналитичари го проучуваат пазарот на пари и ги следат светските економии многу години, а еден од нив е и Макс Кајзер, застапник на биткоин и слични криптовалути.

Тој постојано повторуваше дека биткоинот е таму за да го „исчисти нередот“ што т.н. фиат пари (од банкноти до монети), иако многу други се прилично скептични во однос на дигиталната паричка.

Оваа алтернативна валута се предвидува да расте уште повеќе со слабеењето на доларот. И тој е убеден дека биткоинот ќе го наследи златото (ќе го заземе своето место) и дека тоа е „црна дупка на пари“, која впива сè во себе.

Коронавирус