понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Го убиле пилотот, а потоа го осакатиле неговото тело: Конечно е уапсен монструмот од Турција (ФОТО)

Како што пренесува турски „Хуријет“, по апсењето, турските власти ќе побараат негова екстрадиција во Турција затоа што криминалната група во која што тој бил член, вршела кривични дела во најголемите турски градови, меѓу кои и Анкара, Истанбул и Измир.
Го убиле пилотот, а потоа го осакатиле неговото тело: Конечно е уапсен монструмот од Турција (ФОТО)

По потерница на Интерпол, во Грузија е уапсен турскиот државјанин Серкан Куртулуш кој што е осомничен за убиството на рускиот пилот Олег Пешков во Сирија во 2015-та година, откако неговиот авион беше соборен од турското воено воздухопловство.

Куртулуш, кого Русите го опишуваат како шеф на мафијашка група која што во ноември 2015-та година го уби рускиот пилот Олег Пешков, уапсен бил во Тбилиси на 29-ти јуни и се наоѓа моментално во затвор во градот Рустави југоисточно од престолнината на Грузија.

Како што пренесува турски „Хуријет“, по апсењето, турските власти ќе побараат негова екстрадиција во Турција затоа што криминалната група во која што тој бил член, вршела кривични дела во најголемите турски градови, меѓу кои и Анкара, Истанбул и Измир.

 

Во големата рација која што ја спровела турската полиција, биле уапсени 49 припадници на таа криминална група, меѓутоа Куртулуш успеал да побегне во Грузија, по што турските власти побарале од Интерпол да биде распишана меѓународна потерница.

Серкан Куртулуш е меѓу 18-те лица кои што се осомничени за бруталната егзекуција на рускиот пилот во северна Сирија во близина на границата со Турција.

Во ноември 2015-та година, турски борбени авиони соборија руски авион „Су-24“ кој што летал во близина на границата помеѓу Турција и Сирија, а веднаш после погодувањето на авионот, рускиот пилот се катапултирал, меѓутоа бил пронајден од про-турските сили кои што го убиле и го осакатиле неговото тело.

Членот на турската десничарска организација „Сиви волци“, Арпаслан Челик, најпрвин ја превзеде одговорноста за убиството на рускиот пилот, но подоцна одби да ја признае вината.

 

Коронавирус