среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Го убил љубовникот на сопругата, а потоа ја натерал да направи нешто ужасно (ФОТО)

Го убил љубовникот на сопругата, а потоа ја натерал да направи нешто ужасно (ФОТО)

Американец од Њу Хемпшир, САД, се решил на грозоморно злосторство откако дознал дека сопругата го изневерила со колега од работа. Тој го убил нејзиниот љубовник, а потоа ја принудил сопругата да го обезглави, објави полицијата.

30-годишниот Армандо Барон Џефри е уапсен и осомничен за убиството на Џонатан Амеролт (25) од Кин, чие тело било пронајдено во шума во Њу Хемпшир на 22 септември, изјавија јавниот обвинител Гордон Mac Мекдоналд и началникот на полицијата Нејтан А. Нојес.

Барон е осомничен за тешко убиство бидејќи тој свесно ја предизвикал смртта на Џонатан Амеролт нанесувајќи му смртни рани од огнено оружје откако наводно го киднапирал.

Тој е обвинет и за семејно насилство, задушување и закана со смртоносно оружје, насочено кон малтретирање на неговата сопруга Британи Барон, откако наводно ја прободел во устата.

31-годишната Британи била уапсена вчера и обвинета за три точки за фалсификување на физички докази поврзани со убиството на Амеролт.

-Бруталното убиство, наводно, се случило откако Армандо, ноќта на 19 септември, проверувајќи го мобилниот телефон на неговата сопруга, открил дека таа е во љубовна врска со Амеролт, со кого работел во ОЕМ Медицински Телефлекс, се вели во полицискиот извештај.

Лутиот Армандо ја претепал, и ја прободел устата и ја врзал за кревет, по што таа се онесвестила, се вели во соопштението.

Истата вечер, Армандо, наводно, му испратил порака на Амералт преку мобилниот телефон на неговата сопруга и го намамил да дојде во паркот Анет Вејсајд.

Таму тој наводно го претепал Амеролт, а потоа ја замолил сопругата да пука во него, изјавила Британи во полиција.Таа, сепак, не сакала да го стави прстот на чкрапалото. Бретани подоцна тврдела дека Армандо пукал во Амералт три пати.

Потоа, Армандо и наредил на Бретани да му ја отсече главата на својот љубовник, така што полицијата да не може да го идентификува според забниот запис, на што Бретани се согласила.

Кога Армандо сфатил дека властите трагаат по него и неговата сопруга, тој се вратил дома, но и наредил на сопругата да го погреба телото на љубовникот. Отсечената глава на Амералт е пронајдена на друга локација.

Сопружниците Армандо и Бретани изјавиле дека не се чувствуваат виновни за злосторствата. Тие се во затвор без кауција.

Нејзиниот адвокат Ричард Гериеро пред судот изјавил дека неговиот клиент постапил под присила.

 

View this post on Instagram

 

I don’t know if there’s a definition for perfect hike, but yesterday was probably it. Can never pass up an opportunity to hike the Bonds with some great company @brebeebeans Last time I hiked to Mt. Bond I felt like death, but this time couldn’t have felt better! Now a firm believer in zucchini muffins and chocolate pumpkin bread for breakfast 💪🏃 . . . . #thegreatoutdoors #whitemountains #wmmf #getoutside #hikenh #nh #whyihike #hike #outdooradventures #whitemountainsnh #keepitwild #simplyadventure #wildernessculture #lifeofadventure #liveoutdoors #roamtheplanet #discoverearth #beautifuldestinations #exploremore #stayandwander #goexplore #mountains #welltravelled #lovelifeoutside #amc #wanderlust #hikethewhites #optoutside  #weekendwarrior #views

A post shared by Jon Amerault (@jleo.amerault) on

Коронавирус