Момче кое го преживеало минатогодишниот масакр во Лас Вегас, е убиен во нападот во ноќен клуб во Калифорнија.
Во нападот во Лас Вегас беа убиени 58 лица, а еден од преживеаните е 27 годишниот Телемархус Орфанос, кој вчера е убиен во масакрот во ноќниот клуб во местото Таусенд Оукс во Калифорнија.
И масакрот во Лас Вегас и нападот во Калифорнија се случиле на настан со кантри музика, во Вегас имало кантри фестивал, а во ноќниот клуб имало кантри забава, чиј љубител бил Орфанос.
Во ноќниот клуб во Таузенд Оукс се убиени 12 лица на возраст од 21 до 28 години. Таткото на загинатото момче за локалните медиу и изјавил
„Посебно е иронично дека откако го преживеа најголемиот масакр во поновата историја, е убиен во својот роден град“.
Масовното убиство во ноќниот клуб во Таузенд Оукс го изврши 28 годишниот Јан Дејвид Лонг, поранешен маринец, кој страдат од пост трауматски синдром откако се вратил од Авганистан.