четврток, 18. јули 2019. Вести денес: 113
home Вести

Го прекршил правилото пишувајќи и ги овие зборови на девојката- само неколку минути подоцна жив изгорел, спасувајќи патници од авионот

Го прекршил правилото пишувајќи и ги овие зборови на  девојката- само неколку минути подоцна жив изгорел, спасувајќи патници од авионот

22- годишниот Маким Мојсиев кој помагал патниците да се евакуираат од пламенот на московскиот аеродром, настрадал во стравичниот пожар.

Откриено е дека Максим и испратил порака на својата девојка само неколку минути пред смртта.

Младиот Русин работел како член на екипажот на летот СУ1492, кој требало да лета од Москва до Мурманск.

Меѓутоа поради одредени технички проблеми или удар од гром, авионот 28 минути по полетувањето се вратил во Москва, а при слетување се запалил.

Момчето го прекршило правилото за испраќање пораки за време на летот па и пишал на својата девојка.

И пишал дека авионот мора принудно да слета, а во последната порака и пишал само „те сакам“.

После таа порака неговата девојка Ксенија му пишувала, но тој таа порака не ја видел.

Загинал спасувајќи други патници од авионот кој бил во пламен.

Останатите членови од екипажот успеале да се спасат.

Се наведува дека има можност Максим да добие орден за храброст од рускиот претседател Путин.

Најголем сон на Максим било да стане пилот.