сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 95
home Вести

Го однеле детето во болница бидејќи било многу поспано, кога докторите му ја снимија главата ја дознаа страшната вистина

Го однеле детето во болница бидејќи било многу поспано, кога докторите му ја снимија главата ја дознаа страшната вистина

Докторите од Ерусалим биле шокирани кога ја откриле причината за ненадејната поспаност кај деветгодишно момче, кое било донесено во болницата од загрижените родители.

Родителите пристигнале во медицинскиот центар Хадаса со момчето од Палестина затоа што 9-годишникот бил премногу поспан и постојано му се спиело. Лекарите веднаш го прегледале и на неговата глава открија рана и крв во косата.

Веднаш му направиле снимање и магнетна, по што откриле дека момчето има куршум во главата.

Куршумот поминал низ черепот и застанал во мозокот на момчето. Неврохирургот Гај Елор, кој го отстрани куршумот од главата на момчето, вели дека родителите не знаеле дека нивниот син е застрелан.

-Ако куршумот отишол во друга насока, тоа би можело да предизвика многу поголема штета, рече лекарот и додаде дека момчето добро се опоравува и разговара со семејството.

Коронавирус