четврток, 20. јуни 2019. Вести денес: 88
home Вести

Го нокаутираше Арнолд Шварценегер (ВИДЕО)

Го нокаутираше Арнолд  Шварценегер (ВИДЕО)

Популарниот американски актер, Арнолд Шварценегер физички беше нападнат за време на еден настан во Јоханесбург.

На видео снимката која што ја објави еНЦА се гледа како додека 71-годишниот актер ги снима децата за време на еден спортски настан на во залед од зад грб со нозете го напаѓа непознат човек. Актерот падна на подот, а обезбедувањето брзо реагирало и го фати човекот.

После нападот, Шварценегер со насмевка на лицето се поздравуваше со посетителите по што ја напушти локацијата во придружба на обезбедувањето.

-Ви благодарам за грижата, ама нема потреба од тоа. Мислев дека луѓето во гужвата ме протуркале, што ичесто се случува на некои настани. Дека ме удриле сватив откако ја видов видео снимката, напиша на својот Твитер провил популарниот актер, Арнолд Шварценегер.