петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 66
home Вести

Го напуштила, а потоа тој освоил 71 милион евра на лотарија: Таа сега работи на две места за да преживее

Го напуштила, а потоа тој освоил 71 милион евра на лотарија: Таа сега работи на две места за да преживее

Само 18 месеци откако сопругата го напуштила, Аде Гудчаилд, поранешен работник во фабрика, освоил 71 милион евра на лотарија на „ЕуроМилионс“.

Иако ја освои 15-тата најголема добивка во британската историја, а таа за да преживее мора да работи на две работни места, неговата поранешна сопруга Сузана тврди дека не се покајала.

„Не сакам ниту еден процент од неговите пари, слободно нека ги задржи сите”, наводно им рекла на нејзините родители.

-Сиротата веќе неколку години беше несреќна со него затоа што тој стана многу себичен. Долго го трпеше тоа, а потоа и дојде преку глава. Не сакаше да и помогне во куќата и во градината, ниту да ги прошета нивните кучиња. Дури и по разводот, мораше да се враќа секој ден за да ги прошета “, вели нејзината мајка.

„Денеска разговарав со неа и таа е свесна дека може да бара добар дел од тие пари, но вели дека не сака ништо. Му посакува се најдобро и за неа тој дел од животот е завршен. Никогаш не ја видов толку среќна како кога се разведоа”, вели мајката на Сузана.

Гудчаилд тврди дека тој и неговата поранешна сопруга биле во добри односи и дека не се во никаква кавга.

„Кога ѝ реков дека сум освоил 71 милион евра, таа не ми веруваше, бидејќи знае дека сакам да се шегувам”, вели тој.

Гудчаилд открива дека размислува парите да ги потроши на нова куќа со базен, џакузи и персонал, кој ќе се грижи за неа, како и за патувања, спортски настани и четири нови автомобили.