вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 158
home Вести

Го касна змија, па тој се одмазди: Ја гризна змијата и ја изџвака, сега се бори за живот

Го касна змија, па тој се одмазди: Ја гризна змијата и ја изџвака, сега се бори за живот

Неверојатен случај во Индија. Еден човек го каснала змија, а тој се одмаздил така што и самиот ја гризнал и ја убил змијата.

Раџ Кумар се одморал во својот дом кога во куќата влегла змија и го каснала.

-Змијата го гризна. Се сврте, ја гризна и тој, и ја изџвака на парчиња, рекол неговиот татко Бабу Рам.

Семејството го одвела мажот во болница, а локалните медиуми наведуваат дека неговата состојба е критична.

-Ова е навистина чудно. И порано сум гледал случаи кога змија гризнува човек, но никогаш не сум видел човек да гризне змија и да ја понесе со себе во торбата, рекол докторот, пренесува „Ројтерс“.

 

Коронавирус