четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 242
home Вести

Гледајте го во живо лансирањето на „Фалкон 9“ во орбитата (ВИДЕО)

Гледајте го во живо лансирањето на „Фалкон 9“ во орбитата (ВИДЕО)

„Спејс икс“, приватната компанија на милијардерот Елон Маск, денеска повторно ќе се обиде да лансира ракета со двајца астронаути во орбитата од Флорида, што е прво полетување на американски астронаути од американско тло, во последните девет години.

Ќе биде тоа прв пат Американци во вселената да ги однесат комерцијални вселенски летала, во сопственост на приватни компании кои со нив и управуваат.

Заради невремето о близина на вселенскиот центар Кејп Канаверал лансирањето во средата беше одложено 17 минути пред полетувањето.

Временската прогноза за денеска исто така беше несигурна, но според најновите информации времето е се подобро и се е спремно за полетување.

Ако временските услови дозволат, ракетата „Фалкон 9“ ќе полета во 15 часот и 22 минути по локално време или 21.22 по македонско време.

Парламентарни избори 2020