понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 87
home Вести

Главниот телохранител на папата Франциск поднесе оставка поради истекување на информации

Главниот телохранител на папата Франциск поднесе оставка поради истекување на информации

Долгогодишниот шеф на обезбедувањето во Ватикан и главниот телохранител на папата Франциск, Доменико Џани денеска поднесе оставка поради истекување на информации за истрагата за наводните финансиски малверзации.

Оставката на 57-годишниот Џани, поранешен припадник на италијанската тајна служба, кој беше на функција во Ватикан од 2006 година, уследи по претресот без преседан, што неговите луѓе го извршија на 2 октомври во две клучни одделенија во Ватикан – Управата за финансиски информации и Државниот секретаријат.

Оттогаш во Ватикан владее вознемиреност поради истекување на интерни полициски објави со фотографии на петмина службеници во Ватикан, вклучително и двајца вработени во Управата за финансиски информации и еден монсињор од Државниот секретаријат.

Според неименувани извори во Ватикан, папата Франциск е лут поради што информацијата за таквата објава, која наликува на леток со „најбараните“ лица, се појави во јавноста.

Полициската објава беше предадена на чуварите на капијата во Ватикан, со цел петтемина осомничени да не можат да влезат бидејќи „претходно беа суспендирани“.

Папата Франциск нареди истрага за истекување на информациите.