петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Главниот шведски епидемиолог : Состојбата со коронавирусот е под контрола

Главниот шведски епидемиолог : Состојбата со коронавирусот е под контрола

Шведскиот фактор на трансмисија на коронавирус е под 1, што е индикација дека епидемијата во оваа земја е под контрола и покрај пофлексибилниот пристап во однос на другите европски земји.

Андерс Тегнел, епидемиологот во Шведската агенција за јавно здравје, рече дека репродуктивниот фактор е под 1 веќе неколку дена, што значи дека заразено лице инфицира во просек помалку од едно лице.

„Тоа значи дека епидемијата постепено ќе се намалува“, изјави тој вчеравечер во интервју за СВТ .

Официјалните податоци на агенцијата покажуваат дека факторот се движи релативно стабилно околу бројката 1 од 10 април.

На 1 април изнесувал 1,4, а на 25 истиот месец бил 0,85, по неколку дена пад на бројот на заразени.

Во интервју за СВТ, Тегнел потврди дека факторот е под 1, иако податоците допрва треба да бидат објавени.

Шведска привлече меѓународно внимание и скептицизам затоа што не воведе строги мерки на карантин како другите земји. Рестораните и кафулињата се уште се отворени, како и градинките и основните училишта.

Иако беа воведени некои ограничувања, а средните училишта и универзитетите се затворени, Шведска се потпира најмногу на нејзините жители, кои беа замолени да одлучуваат самите за својата безбедност и да ги почитуваат препораките за социјална дистанца.

Сепак, Шведска има поголем број на заразени и смртни случаи од другите скандинавски земји. До денеска наутро, имало повеќе од 22.000 заразени, со 2.650 жртви.

Соседната Финска има 5.000 заразени и 220 смртни случаи, додека Норвешка има 7.700 заразени и 210 жртви.

ЕУРО 2020

Македонија