вторник, 3. август 2021. Вести денес: 166
home Вести

Главниот германски виролог предупредува на опасност од втор бран на Ковид-19 

Главниот германски виролог предупредува на опасност од втор бран на Ковид-19 

Кристијан Дростен, главен германски виролог предупредува дека за два месеци Германија ќе има нови проблеми со новиот коронавирус, ако сега не се преземат мерки.

Дростен стравува дека по избувнување на ново жариште во Северна Рајна-Вестфалија ќе има незабележано ширење на вирусот.

Тој додаде дека постојат повеќе места, вклучувајќи го и Берлин, каде постојат јасни индикации дека  се враќа Ковид-19.

-Не сум оптимистичен дека ќе имаме уште една мирна епидемиолошка ситуација по еден месец, изјави Дростен.

Германското население, додава тој мора да разбере дека здравствените власти имаат потреба од поддршка и консензус. (МИА)

Коронавирус