недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 81
home Вести

Главниот економски советник на Трамп поднесе оставка

Главниот економски советник на Трамп поднесе оставка

Главниот економски советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Гари Кон, кој беше цврсто против воведување царини за увоз на челик и алуминуим, поднесе оставка.

-За мене беше чест да и служам на државата и да воведам добри политики за Американците за поддршка на растот, особено прифаќањето на историската даночна реформа. Му благодарам на Претседателот што ми ја даде таа можност и му посакувам нему и на неговата администрација големи успеси во иднина, се вели во кусата изјава на директорот на националниот економски совет.

Кон е поранешен член на раководството на банката Голдман Сакс. Тој беше најголемиот противник за воведување царини од 25 отсто за увоз на челик во САД и на 10 отсто за увоз на алуминиум. 

Коронавирус