понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 25
home Вести

Гиљермо Ласо победи на претседателските избори во Еквадор

Гиљермо Ласо победи на претседателските избори во Еквадор

Конзервативниот банкар Гиљермо Ласо победи во вториот круг од претседателските избори во Еквадор, освојувајќи 52,52 проценти од гласовите, додека левичарскиот кандидат Андрес Арауз доби 47,48 проценти, соопшти ноќеска изборната комисија, јави ДПА.

Двајцата кандидати се наоѓаат на дијаматерлано спротивните страни од еквадорскиот политички спектар.

На Арауз се гледа како на бранител на политиката на поранешниот претседател Рафаел Кореа и победата веројатно ќе се доживееше како продолжение на политиката на Кореа за „социјализам во 21 век“, зголемување на субвенциите и спротивставување на програмата за штедење што ја бара Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Ласо, пак, додава ДПА, како член на ултраконзервативната асоцијација „Опус Деи“ и строг критичар на истополовите бракови и абортусот,  водеше кампања темелена на либерална економска платформа, со која сака да создаде работни места и да привлече странски инвеститори.

Оба беше трета претседателска кандидатура на Ласо.

-Со години сонував да ми дозволат да им служам на Еквадорците за да може земјата да напредува и сите да имаме подобар живот, им рече тој на симпатизерите во градот Гвајакил, пренесува весникот „Ел Универсо“.

„Денес тоа што го посакував вие го направивте можно. Тоа е почеток на новата ера на здружување“, додаде тој.

Арауз го призна поразот и рече дека ќе му телефонира на својот ривал да му ја честита победата.

-Ова беше изборен неуспех, но не и политички или морален пораз, рече тој пред приврзаниците што ноќеска се собраа пред неговиот дом, пренесе ДПА.

Оваа јужноамериканската земја е во длабока економска криза поради падот на цената на нафтата и пандемијата на коронавирусот.

Коронавирус