среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 169
home Вести

Ги промаши скалите: Германски министер падна од бината директно на лице, остана и без свест (ВИДЕО)

Ги промаши скалите: Германски министер падна од бината директно на лице, остана и без свест (ВИДЕО)

Германскиот министер за економија Питер Алтмаер падна од бината на „Дигиталниот самит“ во Дортмунд.

Според германските медиуми, по говорот, тој паднал од бината на лице.

Како што покажуваат видеата, Алтмаер ги промашил скалите кога се симнувал од бината. Медиумите наведуваат дека Алтмаер накратко се онесвестил и дека веднаш бил хоспитализиран.

Организаторите на митингот, по несреќата, ја испразниле салата во која се одржува манифестацијата, а лекарите од брза помош го прегледале министерот и го пренеле во болница.

Собирот продолжил откако Алтмаер бил пренесен во болница, а презентацијата на проектот за европска платформа за податоци е извршена без присуство на министерот.

Германската канцеларка Ангела Меркел попладнево ќе го посети Дигиталниот самит, кој, според најавата на Министерството за економија, е централна платформа за соработка меѓу политиката, економијата, науката и општеството за обликување на дигиталните промени.

Алтмаер требаше да ги претстави плановите на своето министерство за европската „клауд“ мрежа.

Коронавирус