петок, 5. март 2021. Вести денес: 133
home Вести

Ги предал таткото и чичкото – почна судењето на најмоќната италијанска мафија

Ги предал таткото и чичкото – почна судењето на најмоќната италијанска мафија

Во Италија започна најголемото судење на мафија во кое се обвинети 350 припадници и соработници на кланот Ндрангета, за кој велат дека е побогат од Дојче Банк.

Се наведува дека овој клан има монопол на увозот на кокаин во Европа. Новинарите пренесуваат дека ова е најголемото судење на италијанска мафија по 30 години.

Судењето опфаќа и дел од локалните официјални лица, функционери, полицајци и бизнисмени. Истото се одржува во специјален бункер во судница на југот од Италија од каде и е мафијата. Судницата само за адвокатите има 600 места, а над 300 за обвинети.

Судењето на криминалната група на нејзина територија е претставува силен одговор на државата. Интересно е што во процесот има 58 заштитени сведоци, кои биле припадници на мафијата, а кои сега соработуваат со полицијата.

Во процесот, како што јавуваат медиумите, ќе се појави и Емануел Манкусо, син на Леон Макусо кој пак е роден брат на главниот обвинет, Луиџи Манкусо.

Ндрангета е мафијашка криминална организација од југот на Италија, која од 50-тите години е проширена на северот од земјата, но и со светот. Американски дипломаски извори проценуваат дека нејзините приходи од трговијата со дрога, изнуда и перење пари чинат најмалку 3 проценти од БДП на Италија.

Судењето го води најпознатиот италијански антимафијашки обвинител Никола Гратери кој повеќе од три децении живее под полициска заштита.

Од 58-те сведочи се очекува да ја разоткријат мафијашката активност на групата и да го прекршат кодексот на молчење.

Коронавирус