сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 14
home Вести

Ги има само 500 во светот: Убиено едно од најретките животни

Ги има само 500 во светот: Убиено едно од најретките животни

Руски сточар убил сибирски тигар во близина на Хабаровск на далечниот исток во Сибир.

Животното влегло во шталата и ја нападнало неговата крава , по што човекот стрелал во реткото животно. Тигарот прво ја нападнал кравата,  а потоа се нафрлил и врз човекот, сведочи Русинот.

Сибирскиот тигар инаку е строго заштитено животно кое живее на мало подрачје меѓу Русија, Кина и Северна Кореја.

Се проценува дека преживеале помалку од 500 примероци од ова животно. Поради ловокрадците, властите го проверуваат секој поединечен случај на убиство на сибирскиот тигар.

Овие животни се барани поради крзното, забите и другите органи. На денеска убиениот тигар му недостигале карактеристичните заби, така што селанацот е однесен на распит во полиција.

Последниот случај на убиство на сибирски тигар во самоодбрана во тој регион се случил во 2012 година.

Коронавирус