среда, 2. декември 2020. Вести денес: 160
home Вести

Германскиот министер за здравство очекува пронаоѓањето на вакцина за Ковид-19 да потрае неколку години

Германскиот министер за здравство очекува пронаоѓањето на вакцина за Ковид-19 да потрае неколку години

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан истакна дека пронаоѓање вакцина за новиот коронавирус може да потрае неколку години, откако претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека вакцината може да се очекува кон крајот на 2020 година.

–  Многу би се радувал ако тоа се случи за неколку месеци, но мислам дека треба да бидеме реални. Процесот може да трае со години, бидејќи може да биде разочарувачки, како со другите вакцини, изјави Шпан.

– Развивањето вакцина е една од најтешките работи, додаде Шпан.

Трамп беше многу пооптимистички за ова прашање и истакна дека вакцината ќе ја има до крајот на годината.

Коронавирус