недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Германски вирусолог предупредува на опасноста од нова пандемија

Германски вирусолог предупредува на опасноста од нова пандемија

Германскиот вирусолог Кристијан Дростен предупреди на опасноста од нов вирус што може да предизвика пандемија.

Главниот вирусолог на берлинската клиника „Шарите“ вели дека вирусот Мерс-КоВ, според него, е „кандидатот“ за следната пандемија.

Дростен за германскиот портал „Капитал“ изјави дека коронавирусот од наулата добил доволно внимание и дека за него се се прави и презема.

Затоа, објаснува тој, има намера да формира мала работна група која ќе биде посветена на новиот вирус.

Инак вирусот Мерс (Средноисточен респираторен синдром) спаѓа во групата коронавируси и првпат се појави во 2012 година на Арапскиот полуостров.

Како и коронавирусот и Мерс предизвикува респираторни инфекции, поради што Светската здравствена организација го класифицираше меѓу „приоритетните болести“, на кои им се посветува големо внимание. (МИА)

Коронавирус