сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Германски вирулог за вториот бран на заразата коронавирус – дал прецизна мерка за заштита, 1,8 метри и 6 секунди

Германски вирулог за вториот бран на заразата коронавирус – дал прецизна мерка за заштита, 1,8 метри и 6 секунди

Водечки германски и светски вирулог Кристијан Дростен, експерт за коронавирусот и еден од авторите на тестот за САРС, одговорил на прашањето дали е можно да се случи втор бран на заразата, едно од најчестите прашања на наулниците кои забрзано го истражуваат новиот вирус.

Проф.д-р Кристијан Дростен зборувал за наводен втор бран во Азија, истакнал дека само ќе станува збор за стари случаи на заразени, односно на пациенти кои не се излечени до крај. И тука на сцена стапува дилемата за ефикасноста на тестовите, кои станаа нважен метод во молекуларните истражувања, а чија предност е во однос на стандардните имунолошки и микробиолошки тестови во брзата на изведувањето и добивањето на резултатите.

„Да замислиме тело како езеро со златни риби. Тестирањето значи со заврзани очи да зграбиме канта вода и да видиме дали сме фатиле некоја риба. Пред крајот на заразата Ковид19, кога пациентот субјективно и објективно се чувствува добро, вирусот е уште присутен, но не и неговата концентрација под границата на ПЦР тестот. Како да има помалку риби во езеротот, па 2-3 пати нема да ги фатиш, но трет пат ќе фатиш“, објаснил Дростен дека не е можен втор бран на заразата.

Тој истакнал дека сепак заразата нема да биде под контрола се додека не се најде вакцина за неа.

Најважни се вели, тестирањата, реакциите на државите, како повторно воведување на изолација и тоа се додека не се обезбеди заштитна мерка.

Препораката е до тогаш да го следиме правилото „6 чекори – 6 секунди“, односно во контактот со другите да бидеме на растојание од 1,8 метри и комуникацијата да ни трае 6 секунди.

Коронавирус