недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 59
home Вести

Германски компании преговараат за производство на вакцината „Спутник V“

Германски компании преговараат за производство на вакцината „Спутник V“

Германски компании преговараат за производство на руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ пред неговото одобрување за употреба во Европската унија, за да може да биде испорачувана во земји надвор од ЕУ, изјави во интервју за агенцијата РИА, извршниот директор на Источниот комитет на германската економија (Ost-Ausschuss der Deutschen Wirtschaft e.V.), Михаел Хармс.

„Можам да кажам дека се водат многу интензивни преговори за производството на ‘Спутник V’, а Источниот комитет во тоа е посебно вклучам. Во близок конактат сме со Рускиот фонд за директни вложувања (РФПИ)“, вели Хармс.

Потврдува дека станува збор за производство на вакцината за земји надвор од ЕУ, сѐ додека „Спутник V“ не биде технички регитрирана во Унијата.

Според него, РФПИ „пружил јасен и многу професионален технички опис, до кој копаниите мора да се придржуваат во текот на произвдоството на вакцината“.

„Неколку германски компании веќе покажаа интерес, а вакцината се оценува како многу позитивно. Денес е многу тешко да се предвиди кога преговорите ќе завршат, но мислам дека ќе мора малку да почекаме“, додава Хармс.

На почетокот од февруари беше објавено дека германсаката „IDT Biologika“, фарамцевтска компанија со седиште во Десау и со погони во Магдебург и во САД а се занимава со производство на лекови по налог и во која во време на поранешната Источна Германија се произведувале вакцини, контактирала со РФПИ за можно производство на „Спутник V“.

Рускиот Фонд на 29-ти јануари ја пријавил за регистрација во Европската агенција за лекови (ЕМА) вакцината „Спутник V“ и има потврда дека пријавата е примена, иако од Брисел тврдена дека рускиот препарат против Covid-19 не е пријавен. Брзината за одобрувањето на барањето го одредува регулаторит, прецизираа од РФПИ.

Источниот комитет на германската економија (Ost-Ausschuss der Deutschen Wirtschaft e.V.) е деловно здружение које ги обединува и застапува германските компании кои работат во источна Европа и на просторот на поранешниот Советски сојуз.

ЕУРО 2020

Македонија