петок, 29. јули 2022. Вести денес: 75
home Вести

Германската влада планира да испрати дополнителен број хаубици на Украина

Германската влада планира да испрати дополнителен број хаубици на Украина

Германската влада планира да ги зајакне артилериските сили на Украина со испраќање дополнителен број хаубици во борбата против Русија, јави ДПА, повикувајќи се на извори во Бундесверот.

Берлин е во разговори со Холандија и други европски партнери за да помогне во спроведувањето на планот, велат изворите.

Досега Украина има добиено седум хаубици Panzerhaubitz 2000 од Германија и пет од Холандија.

Киев тврди дека ќе му бидат потребни вкупно 18 хаубици за опремување на целосен артилериски баталјон.

Германија е решена да одговори на потребата на Украина за уште шест хаубици, доколку другите земји од ЕУ придонесат, рече изворот, што значи дека Берлин ќе испорача уште два или три од своите вооружени системи. (МИА)

Коронавирус