понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Германска донација од 152.000 евра за неколку болници во земјава

Германска донација од 152.000 евра за неколку болници во земјава

Германската амбасадорка во државава Анке Холштајн потпиша договори за донација за јавните здравстевни установи Клиничка болница Штип, Општа болница Куманово, Општа болница Борка Талески Прилеп, и Здравствен дом Гостивар со вкупна вредност од 152.000 евра, со цел поддршка на Северна Македонија при справување со пандемијата од Ковид 19 и директна помош на граѓаните, соопшти денеска Германската амбасада во Скопје.

Оттаму информираат дека македонските здравствени установи ќе ги искористат донираните средства за набавка на медицинска опрема и амбулантни возила.

-Амбасадата им се заблагодарува на НВО Фондација за локален економски развор од Штип, НВО Центар за рурален развој Бујрум од Куманово, НВО Европски центар за развој, толеранција и соработка од Гостивар, НВО Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп за соработката при имплементација на овие проекти, a во корист на општина Штип, општина Куманово, општина Гостивар и општина Прилеп, стои во соопштението.

Германската амбасада додава дека финансиската поддршка од Малите проекти од буџетот на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија има за цел унапредување на социјалниот и економскиот развој на земјата домаќин. (МИА)

Коронавирус