петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 146
home Вести

Германија во јули ќе и ги испорача на Украина првите 15 тенкови „Гепард“

Германија во јули ќе и ги испорача на Украина првите 15 тенкови „Гепард“

Германија во јули ќе и ги испорача на Украина првите 15 тенкови „Гепард“, изјави денеска портпаролот на германското Министерство за одбрана, потврдувајќи ги медиумските извештаи, пренесуваат британските медиуми.

Дојче веле јавува дека тенкот „Гепардот“ има два топа од 35 милиметри и се користи во борба против авиони и хеликоптери на височина до 3.500 метри, како и против лесно оклопни цели на земјата.Тоа значи дека може да се користи и за одбрана и за напад.

„Гепардот“, меѓутоа, нема да има никакви шанси против борбен тенк, бидејќи неговите топови имаат релативно мал калибар.

Тенкот има радиус на движење од околу 550 километри, а може да се движи низ вода, без посебна дополнителна опрема.

„Гепардот“ се произведува од 1976 година, а тоа што е важно за мисијата во Украина е што оружјето на тенкот е развиено, меѓу другото, и за борба против оклопните напаѓачки хеликоптери, како што е рускиот „Ми-24“.

Коронавирус