петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 171
home Вести

Германија ветува повеќе од 430 милиони евра за помош на Авганситан

Германија ветува повеќе од 430 милиони евра за помош на Авганситан

Германските власти најавија помош од 432 милиона евра за економски развој на Авганистан во 2018 година.

– Помошта ќе биде наменета за отворање работни места, подобрување на квалитетот на водата, за снабдување со енергија на рурални подрачја, јакнење на положбата на жените, изјави германскиот амбасадор во Авганистан, Петер Пругел на прес конференција во Кабул.

Дел од помошта ќе биде и за подобрување на владеењето на законите, образование и борба со корупцијата.

По повеќе од три години доцнење, во октомври е планирано одржување парламентарни и локални избори во Авганистан.

Коронавирус