петок, 7. мај 2021. Вести денес: 71
home Вести

Германија се подготвува за зимска бура

Германија се подготвува за зимска бура

Жителите на Германија се подготвуваат за зимската бура, што според прогнозите, ќе почне од западниот дел на земјата со обилни врнежни на снег и дожд, проследени со силни ветрови.

Голем број од училиштата во Германија се затворени поради очекувањето на зимската бура.

Германските власти ги предупредија граѓаните, особено во западниот и северниот дел на земјата, да не излегуваат од нивните домови, доколку е тоа можно.

Поради бурата голем број возови се движат со намалена брзина, а исто така се регистрирани и бројни сообраќајни несреќи поради лизгавите патишта.

Коронавирус