вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 18
home Вести

Германија поддржува проширување на санкции кон Минск

Германија поддржува проширување на санкции кон Минск

Германија соопшти дека е подготвена да поддржи проширување на санкциите на Европската унија против водечките фигури во Белорусија поради нивните крвави акции врз демонстрантите.

Откако министрите на ЕУ во петокот се согласија да изготват список на цели во Белорусија за нова рунда санкции, портпаролот на германската влада Штефен Зајберт рече дека треба да се разгледаат дури и посилни мерки.

– Секако, ја разгледуваме можноста за проширување на санкциите кон другите водечки фигури, изјави тој.

Германија е на чело на ротирачкото претседателство на ЕУ.

Зајберт ги нарече масовните демонстрации против спорните претседателски избори во текот на овој месец – „импресивни“ и побара итно прекинување на насилните репресии и ослободување на „политички затвореници“.

– Овие луѓе треба да знаат дека Европа стои крај нив, рече тој.

Зајберт побара „национален дијалог“ меѓу владата и опозицијата „да се надмине кризата“, додавајќи дека Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) може да игра улога со „преглед на изборите“.

ОБСЕ испраќа набудувачи во Белорусија од 2001 година, но за овие избори наведоа дека не биле поканети да ги следат претседателските избори.

Коронавирус