петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 157
home Вести

Германија не бележи нови смртни случаи од Ковид-19 за првпат од септември

Германија не бележи нови смртни случаи од Ковид-19 за првпат од септември

Германија не регистрира смртни случаи од коронавирус во својот дневен биланс за првпат по повеќе од седум месеци. Бројките од Институтот за контрола на болести Роберт Кох објавени денеска за изминатиот 24-часовен период не покажаа нови смртни случаи од или со Ковид-19 за првпат од 21 септември минатата година.

Германските здравствени власти регистрираа 4.032 случаи на Ковид-19 во последните 24 часа, но бројките варираат во одредени денови од неделата, особено за време на викендот, кога некои држави не се пријавуваат.

Германија имаше 24.813.817 потврдени инфекции со Ковид-19 и 135.461 смртни случаи од почетокот на пандемијата, но вистинските бројки веројатно се многу повисоки бидејќи се верува дека многу случаи поминале неоткриени, јави ДПА.

Коронавирус