четврток, 25. февруари 2021. Вести денес: 94
home Вести

Германија: Мерките на ограничување продолжуваат до 14 февруари

Германија: Мерките на ограничување продолжуваат до 14 февруари

Германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на германските покраини се согласија да ги продолжат ограничувачките мерки наметнати поради Ковид-19 за повеќето продавници и училишта до 14 февруари, јави ДПА.

– Сега е време да се преземат мерки на претпазливост против заканата што ја носи коронавирусот, изјави Меркел по состанокот со премиерите на 16-те германски провинции.

Бројот на нови случаи на инфекција со коронавирусот во Германија се намалува во изминатите денови, но вирусолозите предупредуваат дека е можно ширење на позаразни варијанти на вирусот.

Коронавирус