сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Германија ќе воведе построги мерки во борбата против коронавирусот

Германија ќе воведе построги мерки во борбата против коронавирусот

Германија планира да воведе построги мерки за спречување на коронавирусот на локално ниво и надминување на заканата од втор бран, се наведува во нацрт-договорот меѓу федералните и регионалните власти.

Како што пренесуваат странските агенции, новите правила ќе вклучуваат забрана за патување „во и надвор од погодените области“ за ограничување на ширењето на вирусот, се наведува во документот. Планот се очекува да биде финализиран денеска.

Во нацрт-документот се нагласува дека забраната за патување треба да се изрече „ако бројот продолжи да расте и не е сигурно дека синџирот на заразата не е прекинат“ во погодената област.

Во вторникот германската канцеларка Ангела Меркел ја поддржа забраната за патување на луѓе од жариштата со случаи на коронавирус, наметнати од локалните власти. 

Коронавирус