сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 64
Во живо

Протест – „Или Заев или Македонија, оставка сега за да не биде предоцна“

home Вести

Германија ќе прифати до 500 малолетни бегалци, првите 50 следната недела

Германија ќе прифати до 500 малолетни бегалци, првите 50 следната недела

Германија следната недела ќе ги прими првите 50 малолетни бегалци кои моментално се наоѓаат на еден од грчките острови, соопшти денеска германската Влада, која се подготвува да прифати 350 до 500 малолетни бегалци во првата фаза.

„Чартер летовите од Грција се очекуваат следната недела. Две недели по нивното пристигнување, децата ќе бидат ставени во карантин во сојузната покраина Долна Саксонија, по што ќе бидат префрлени во други покраини“, соопшти денеска германското Министерство за внатрешни работи.

Министерот за внатрешни работи Хајко Маас претходно за РТЛ изјави дека во првата фаза во Германија треба да бидат донесени од 350 до 500 малолетни бегалци без придружба.

Владата на почетокот на март одлучи да прими вкупно 1.000 до 1.500 малолетни бегалци од прифатилиштата на грчките острови. (МИА)

Коронавирус