петок, 14. мај 2021. Вести денес: 87
home Вести

Германија ќе ја продолжи граничната контрола на границата со Австрија

Германија ќе ја продолжи граничната контрола на границата со Австрија
epa06346819 Bavarian Prime Minister and chairman of the Christian Social Union (CSU) party Horst Seehofer speaks at a press conference after a board meeting at the CSU headquarters in Munich, Germany, 23 November 2017. Seehofer has been under pressure by sectors of his own party after the failed exploratory talks to form a new federal government. EPA-EFE/DANIEL KOPATSCH

Германскиот министер за надворешни работи Хорст Зехофер соопшти дека побарал дозвола од Европската унија за продолжување на граничната контрола на германско- австриската граница.

Германската канцеларката Ангела Меркел во март го поддржа продолжувањето на граничната контрола, чиј рок истекува на 12 мај.

Државите од Шенген зоната можат да воведат контроли на внатрешните граници на Европската унија, кога постои сериозна закана за општеството или за националната безбедност.

Германија воведе гранична контрола во септември 2015 година поради масовниот прилив на бегалци кои доаѓаа од Австрија. Проверките се вршат на патиштата во прекуграничната зона и на различни точки долж границата.

– Ние преферираме надворешната граница на ЕУ да биде безбедна за да се намалат проверките на внатрешната граница. Но, доколку не е гарантирана безбедноста на надворешните граници, ние треба да ја обезбедиме и да ја контролираме внатрешната граница на некои места, изјави Зехофер во Париз по средбата со неговиот френцуски колега Жерар Колон.

Времена внатрешна гранична контрола сега се врши во шест земји од Шенген зоната.

МИА

Коронавирус