недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 172
home Вести

Германија ќе ги предупредува граѓаните во кои земји да не патуваат до 31 август

Германија ќе ги предупредува граѓаните во кои земји да не патуваат до 31 август

Германија планира да го продолжи предупредувањето за патување во повеќе од 160 земји надвор од ЕУ до 31 август годинава, поради страв од ширење на коронавирусот.

На листата на овие земји, за кои Германија ќе ги советува своите граѓани да не ги посетуваат во текот на летните месеци, се наоѓа и Северна Македонија, јавува „Дојче Веле“.

Се очекува денеска да се расправа за предлогот.

Минатата недела германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ги повика Германците да не патуваат во Велика Британија се додека таму е на сила 14-дневен карантин за туристите.

Дел од медиумите најавуваат дека денеска ќе се расправа и за забрана за влез на граѓани од одредени земји до 31 август.

Коронавирус