сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 0
home Вести

Германија ќе екстрадира ирански дипломат да му се суди за планиран бомбашки напад во Париз

Германија ќе екстрадира ирански дипломат да му се суди за планиран бомбашки напад во Париз
epa03660814 Members of People's Mujahedin of Iran (PMOI) take part in a protest at place de la Bastille in Paris, France, 13 April 2013. The demonstrators marched in Paris, demanding that the United Nations High Commissioner for Refugees (UNHCR) take responsibility for the security of 3,100 PMOI refugees living in Camp Liberty in Iraq following attacks on the camp in the past months. EPA/IAN LANGSDON

Германски суд денеска реши да ја одобри екстрадицијата на иранскиот дипломат Асадолах Асади во Белгија, каде ќе му се суди за подготовка на терористички напад.

Асади, кој е ирански дипломат базиран во Баварија, е осомничен дека учествувал во операција чија цел била да се подметне бомба на собир на иранската бунтовничка група МЕК во близината на Париз. МЕК, или „народните муџахедини“, организираа собир на кој присуствуваа и американски политичари како Руди Џулијани и Њут Гингрич.

Се претпоставува дека иранската тајна служба, преку нејзините дипломатски претставништва, сакала да детонира бомба на овој собир. Белгиската полиција уапси две лица со потекло од Иран кои превезувале експлозив, по што почна истрага низ неколку европски држави. (МИА)