четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 109
home Вести

Германија и Франција бараат одговорност за уривањето на дронот во Украина

Германија и Франција бараат одговорност за уривањето на дронот во Украина

Германија и Франција денеска соопштија дека проруските сили во Украина го урнале дронот што го користеа неутралните европски набљудувачи и побараа да се казнат одговорните за тој чин.

Во заедничко соопштение, двете земји го оценија тој чин како „јасно кршење“ на правилата на надзорната мисија на Организацијата за соработка и безбедност (ОБСЕ) во Украина.

Дронот исчезна на 27 октомври додека го следеше конвојот од седум камиони во Украина, во близина на границата со Русија.

Како што наведуваат Германија и Франција, доказите укажуваат дека Русија и проруските сили се одговорни за неговото уривање.

МИА