среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 97
home Вести

Германија го пријави првиот случај на новиот вид коронавирус кој се шири во Велика Британија

Германија го пријави првиот случај на новиот вид коронавирус кој се шири во Велика Британија

Новиот вид на пандемичниот САРС-КоВ-2 коронавирус, која брзо се шири во Велика Британија, за првпат е регистриран и во Германија, соопшти синоќа германската држава Баден-Виртемберг.

Заразениот маж пристигнал во Франкфурт со авион од лондонскиот аеродром Хитроу на 20 декември за да посети роднини и бил позитивен на тестот кој го направил по пристигнувањето.

Понатамошната анализа на примерокот во лабораторија во Берлин покажала дека станува збор за Б. 1.1.7, како што е познат новиот вид. Ова се наведува во соопштение на здравствениот оддел на државата Баден-Виртемберг.

Три лица кои биле во близок контакт со заразениот се во карантин.

Коронавирус