вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 68
home Вести

Германија ги предупредува граѓаните да не патуваат во повеќе региони на 11 европски земји, еве кои се меѓу нив

Германија ги предупредува граѓаните да не патуваат во повеќе региони на 11 европски земји, еве кои се меѓу нив

Германија стави поголем број региони од 11 европски земји на списокот на ризични области за патување поради зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус и ги предупреди своите граѓани да не патуваат во нив.

Нови на денеска објавениот список се неколку региони од Чешка, Франција и Португалија, пренесуваат британските медиуми.

Според германското Министерство за надворешни работи, германските граѓани се предупредуваат да не патуваат во Чешка, освен во регионите на Устечки и Моравија-Шлезија, во француските региони на Централната долина на Лоара, Бретања и Нормандија и поширокиот регион на португалска престолнина Лисабон.

Германија предупредува на опасноста од патување во областите каде бројот на заболени неделно надминува 50 на 100.000 жители.

Големи делови на Франција, вклучително и Париз, се ставени на списокот на области што треба да се одбегнуваат за патување. (МИА)

Коронавирус