среда, 30. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Германија би можела да престане да користи јаглен до 2038 година

Германија би можела да престане да користи јаглен до 2038 година

Германската владина Комисија за јаглен рано изутринава донесе одлука да предложи целосен прекин на користењето на овој енергенс во Германија до крајот на 2038 година, јави ДПА.

Во соопштението од 21-часовната седница на Комисијата, што започна вчера претпладне, се посочува дека е постигнат договор за постепено исфрлање на јагленот од производството на електрична енергија во Германија, како и да се обезбедат средства за компензација на енергетските компании.

Комисијата има надлежност само да дава предлози, а носењето конечна одлука по нејзините сугестии е во ингеренции на Федералната влада во Берлин и на на владите на германските сојузни покраини.

Целта на ваквиот предлог е Германија да ги исполни поставените приоритети за заштита на животната средина и за запирање на климатските промени.

Во рамите на борбата за заштита на животната средина, Германија веќе донесе одлука за затворање на нуклеарните електроцентрали до крајот на 2022 година.

Коронавирус