вторник, 20. ноември 2018. Вести денес: 126
home Вести

Германија би можела да го екстрадира Пучдемон, но не поради бунт

Германија би можела да го екстрадира Пучдемон, но не поради бунт

Германскиот суд денеска одлучи дека поранешниот каталонски лидер Карлес Пучдемо може да и биде предаден на Шпанија за да се соочи со обвинувањата.

Пучдемон се терети за финансиски малверзации, но и за бунт. Меѓутоа, германскиот суд смета дека поради второто дело тој не може да биде предаден.

-Екстрадирање поради обвинувањата за проневера на јавни пари е можно, предавање поради бунт не е можно, соопшти судот.

Прецизирано е дека обвинителството ќе биде надлежно за организирање на предавањето на Пучдемон на шпанските власти, и оти поранешниот каталонски лидер во меѓувреме „ќе биде на слобода“. Обвинителството соопшти дека „наскоро ќе одлучи за предавање на обвинетиот за проневера“.

Одлуката на судот е удар врз шпанското обвинителство зашто би можело да спречи судење за бунт, за што во Шпанија казната може да биде и 30 години затвор.

-Судот поаѓа од принципот дека шпанскиот суд ќе ја почитува одлуката и оти на обвинетиот Пучдемон нема да му се суди за бунт, туку само поради корупција, појаснува германскиот суд.

Судиите ги отфрлија аргументите на Пучдемон дека е жртва на политички прогон и оти поради тоа треба да биде одбиено барањето за негово предавање.

-Апсурдно е да се изнесе обвинување против Шпанија, членка на заедничките вредности правниот простор на ЕУ, оцени судот.

Карлес Пучдемон е обвинет во Шпанија за бунт и проневера врзана за референдумот за независност на Каталонија во есента минатата година. Тој отиде во Белгија откако владата во Мадрид го тргна од функцијата претседател на Каталонија и оттогаш се обидува го интернационализира прашањето за каталонскиот сепаратизам.

Уапсен е кон крајот на мај на северот на Германија, додека со автомобил се враќал во Белгија од Финска.