четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 84
home Вести

ГЕРМАНИЈА: Баба од 96 години не се појавила на суд за воено злостороство

ГЕРМАНИЈА: Баба од 96 години не се појавила на суд за воено злостороство

Деведесет и шестгодишната Ирмгард Фурнер, која денеска требаше да се појави во Суд, под обвинение за помагање во убиството на заробеници во нацистички концентрационен логор, беше уапсена во Хамбург, откако не се јави на рочиштето.

Откако утрово со такси го напуштила домот за стари лица каде живее, полицијата ја уапси за време на патрола во северниот дел на градот.

„Полицијата ја изведе обвинетата пред судија“, соопшти Судот во Ицехо, во близина на Хамбург.

На Фурнер требаше да и се суди пред провинцискиот суд во Ицехо за учество во убиството на 11.000 заробеници во логорот Штутхоф во близина на Гдањск за време на Втората светска војна, каде Фурнер работела како стенограф и секретарка на администрацијата на кампот.

Судијата го одложи почетокот на судењето за 19 октомври поради тоа што обвинетата не се појави пред судот.

Во септември преку писмо таа побара од судијата да ја ослободи од обврската да присуствува на судењето од здравствени причини, што беше одбиено.

Меѓународниот комитет за Аушвиц денеска изрази огорченост поради тоа што обвинетата не се појавила на суд.

„Ова покажува неверојатен презир не само за владеењето на правото, туку и за преживеаните од Холокаустот“, се вели во соопштението на комитетот.

Поради големиот интерес на медиумите, судењето треба да се одржи во индустриска сала во предградие на Хамбург. (МИА)

Коронавирус