сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Германците со построга политика од ЕУ за давање азил

Германците со построга политика од ЕУ за давање азил

Повеќето германски граѓани поддржуваат построга политика на Европската унија кога станува збор за доделување азил и сакаат да биде спречено илегалното влегување на барателите на азил во ЕУ, покажуваат резултатите од анкетата објавена во германскиот весник „Велт ам зонтаг“.

Како што наведува весникот, 59 проценти од испитаниците се изјасниле за измени на заедничкиот систем за азил на ЕУ што би ги спречило барателите на азил илегално да влезат во Унијата, а наместо тоа, поранливиот дел од населението би бил донесен директно од бегалските кампови во кризните региони.

На ваквото сценарио се спротивставија 30 проценти од испитаниците, додека 11 проценти не се одлучни.

Во моментов ЕУ нема поширок консензус за заедничка имиграциска политика. Од сите земји – членки на ЕУ, Германија примила најголем број баратели на азил од бегалските кампови во Турција. (МИА)

Коронавирус