понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 182
home Вести

Германците во 2017 година патувале најмногу во изминатите десет години

Германците во 2017 година патувале најмногу во изминатите десет години

Најновата студија за германскиот туризам покажа дека Германците во минатата година патувале во најголем број во последните десет години при што нивната потрошувачка по лице пораснала на 1.200 евра.

Тоа се наведува во  Анализата за германскиот туризам, која покажа дека 58 отсто од Германците најмалку пет дена биле на патување во 2017 година.

Во периодот од 2008 до 2010 година, тој процент бил двојно помалку.

Во просек лани Германците биле на пат 13 дена, во споредба со 12,9 дена во 2016 година, покажа студијата. По лице просечната потрошувачка изнесува 1.200 евра, што е зголемено во однос на претходната година за 34 евра.

Локални избори 2021