петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 0
home Вести

Германците ќе плаќаат девет евра за месечна карта за јавен превоз

Германците ќе плаќаат девет евра за месечна карта за јавен превоз

Германскиот Парламент усвои пакет мерки за економска помош за граѓани погодени од високата инфлација, вклучувајќи и воведување месечни карти за јавен превоз од само девет евра во целата земја, јавија локални медиуми.

Владата ќе издвои 2.5 милијарди евра со цел да ја надомести загубата на приходите на превозниците.

Пакетот вклучува и даночни намалувања за бензинот и дизелот за кварталниот период, со што данокот на енергенсите се спушти на минималното ниво дозволено во Европската Унија.

Мерката има за цел да ги намали цените на нивоата пред кризата. Меѓутоа, тоа е сега контроверзно, со оглед на тоа што цените значително паднаа во Германија, по првичниот раст поради руската инвазија на Украина.

Мерката за поевтини месечни карти за јавен превоз, предложена од страна на германската левичарска коалиција, за цел има да поттикне што повеќе лица да не се возат со автомобили, да преминат на користење поеколошки начин на транспорт.

Продажбата на карти во целата земја започнува уште в понеделник.

Конзервативната опозиција ја критикуваше мерката, според која, билетите се „брзо решение“, што ќе ги растовари корисниците на јавен превоз, на сметка на индустријата и се ризикува да дојде до трајна штета на секторот. (МИА)

Коронавирус