вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 85
home Вести

Германците гледаат позитивно на соживотот со странците

Германците гледаат позитивно на соживотот со странците

Повеќето германски граѓани позитивно гледаат на соживотот со странците и веруваат дека бегалците ќе придонесат за економскиот просперитет на земјата, произлегува од студијата чии резултати денеска ги објавија германски медиуми.

– Граѓаните, без разлика дали се со странско потекло или не, гледаат главно позитивно на соживотот на имигрантите и локалното население во Германија, се вели во студијата на  Одделот за истражувања на Советодавното собрание при Германската фондација за интеграција и миграција(СВР).

– Централната порака на ова истражување е дека климата за интеграција во Германија останува стабилна и на скала од нула до 100, се движи помеѓу 64 и 70, при што нулата укажува на целосно негативен став кон интеграцијата, а 100 е сосема позитивен став, вели директорот на СВР, Томас Бауер.

Т.н. барометарот за интеграција, СВР го објавува во редовни интервали. Во споредба со последната анкета од 2015 година, пред бранот бегалци, ситуацијата не е значително променета.

Коронавирус