среда, 17. јули 2019. Вести денес: 136
home Вести

Генералот на Иран со порака до Трамп: Можевме да ви го срушиме и авионот со 35 луѓе, но се воздржавме

Генералот на Иран со порака до Трамп: Можевме да ви го срушиме и авионот со 35 луѓе, но се воздржавме

Командантот на иранските воздухопловни сили на Исламската револуционерна гарда, бригадниот генерал Амир Али Хаџидаде, изјавил дека неговите воени сили кои го соборија американскиот дрон над своја територија, зад него забележале и авион во кој имало 35 луѓе, но се воздржале.

„Со американскиот дрон во близина имаше и авион П-8 со 35 луѓе во него. И овој авион влезе во наш простор и можевме да го собориме, но не го направивме тоа“ рекол Амир и додал дека фотографиите кои беа порано објавени од срушениот дрон, се доказ дека дронот бил над нивна територија.

„Постои неспорен доказ дека дронот беше во наш простор“ Потврдил и шефот на дипломатијата.

Претходно Иран и Амеркиа објавја снимка од рушење на дронот, Вашингтон тврди дека бил на меѓународен простор, додека Иран тврди дека дронот влегол во нжиранскиот воздушен простор.